Рама е избран за потпретседател на Социјалистичката интернационала, претседател стана шпанскиот премиер Санчез

by Fokus

Премиерот на Албанија, воедно и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама е избран за потпретседател на Социјалистичката интернационала.

Информаицјата ја соопшти генералниот секретар на Социјалистичката партија, Дамиан Ѓикнури.
– На 26-от конгрес на Социјалистичката интернационала за претседател беше избран премиерот на Шпанија, Педро Санчез, кој доби позитивни оценки и целосна поддршка од Социјалистичката партија на Албанија како дел од големото семејство на социјалисти и прогресисти во светот. За потпретседател е избран нашиот лидер Еди Рама, изјави Ѓикнури.

- Advertisements -

Конгресот на Социјалистичката интернационала се одржува во Мадрид, Шпанија, од 25 до 27 ноември, во организација на шпанската социјалистичка работничка партија, ПСОЕ.

Социјалистичката партија на Албанија е дел од Социјалистичката интернационала од 1999 година. Ова е втор мандат на Рама како потпретседател, по првиот мандат што го доби во 2013 година

Поврзани новости