Рама: Донесовме одлука што не знам дали е луда, но не ја покачуваме струјата за домаќинствата

by Fokus

Енергетската криза значи затварање на граѓаните исто како за време на пандемијата, а тоа не е добро. Ние донесовме одлука која не знам дали е паметна или луда, цената на струјата за домаќинствата да остане иста, рече албанскиот премиер Еди Рама на самитот на “Отворен Балкан во Белград.

-Прашањето е до кога ќе трае ова, и да имате пари нема енергија што може да се купи, затоа треба соработка и ЕУ да не се однесува како во пандемијата. Земјите од Балканот мораа да одат во Кина и Русија по вакцини. Бидејќи ЕУ се затвори и гледаше само во ѕидовите на својот замок. За среќа сите лидери од ЕУ прифатија дека тоа беше резил. Не може да ги оптовариме граѓаните и фирмите особено за струјатата, затоа бараме дополнителна финансиска поддршка од ЕУ.  Не чекаат тешки седум месеци за обезбедување со струја, додаде Рама.

Премиерот на Албанија,  рече дека му е мило што гледа знаци дека се повеќе земји сакаат да бидат поканети од Отворен Балкан.

– Балканот за Европа е важен, како и Европа за Балакнот, убеден сум дека тоа ќе им стане јасно на сите. На винскиот саем е собран целиот регион. Но ние не сме тука само да промовираме храна и вино од регионот, туку да ги зближиме луѓето чекор по чекор – рече Рама.

Тој потенцираше колку е важно здружувањето на земјите како заеднички одговор на прехранбената и енергетската криза што ни се заканува, но и за можноста регионот да се претсатави како заеднички простор на инвеститорите.

– Да ги споиме искуства за инвеститорите и да им го понудиме овој простор Отворен Балкан. Ние, со претседателот на Србија и со премиерот на Северна Македонија не измисливме велосипед, само научивме како да соработуваме и да ги оставиме настрана старите проблеми. Оние кои имаат визија за добра иднина ќе го разберат Отворен Балкан – рече Рама.

 

На Самиот Отворен  Балкан во Белград, покрај домаќинот Александар Вучиќ, присуствуваа и премиерот Димитар Ковачевски, Ефи Рама како и  министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу и министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто.

Во рамките на Самитот е и потпишувањето на меморандумите и тоа: Договори за соработка во областа на механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави; Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура; и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.

 

Соња Танеска

 

 

Поврзани новости