Албанија ги отвори првите поглавја во пристапните преговори, кои би сакала да ги заврши до крајот на 2030 година. Земјата ги започна пристапните преговори заедно со Македонија, во јули 2022 година.
„За жал, не можам а да не го кажам ова, но процесот на пристапување доби брзина благодарение на помошта на Владимир Путин по руската агресија врз Украина, која беше повик за будење и ја потсети Европа дека самодоволноста е само илузија“, изјави албанскиот премиер Еди Рама во Луксембург.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто рече дека Албанија може да отвори уште еден преговарачки кластер до крајот на унгарското претседателство.
Тој порача дека Србија може да отвори еден кластер, а Црна Гора, која ги има сите отворени поглавја, може да затвори еден.
„Би било идеално да имаме пристапни конференции со БиХ и С. Македонија до крајот на нашето претседателство“, рече Сијарто.