За период од две недели ЕСМ набави електрична енергија за покривање на потребите за универзалниот снабдувач за кои ќе плати над 10 милиони евра на неколку трговци со струја.
Вкупно на тендери за набавка на струја од 1 септември заклучно со крајот на ноември ЕСМ плати речиси 20 милиони евра.
Овојпат парите ќе ги заработат четири компании од кои најмногу ќе заработи ХСЕ МАК Енерџи, околу 4,4 милиони евра.
Новото раководство ја продолжи праксата од нивните претходници набавувајќи електрична енергија на скапиот пазар за период од две недели.
За да има непречено снабдување во октомври, ЕСМ купи 45.600 мегавати струја на отворениот пазар за сума од 4,2 милиони евра додека во септември за набавка на 42.300 мегавати електрична енергија беа платени таа сума изнесуваше 5,4 милиони евра
На крајот на минатата недела ЕСМ требаше да достави и нова понуда за ценана на својот мегават но на барање на понудувачите тендерот се одложи за 28 ноември.
Другите енергетски фирми кои ги доставија барањата до регулаторите бараат поскапување на својата услуга од 50 до 80 отсто, но за првиот регулатор Бислимовски ова е неприфатливо.
Премиерот откако неколку пати рече дека струјата нема да поскапи, последно соопшти ако дојде до тоа ќе биде минимално до 3 отсто. Без разлика на ваквите набавки, состојбата во ЕСМ и со домашните енергетски капацитети, тој не очекува големо поскапување и смета дека новата понуда за цената на струјата за домаќинствата од ЕСМ ќе се движи помеѓу 58 и 62 евра.
Новата цена за преносот и дистрибуцијата треба да се донесе до крајот на месецов, а на струјата до крајот на годинава и да важи од први јануари.
О.К.