Ракометарот на Бутел Скопје, Денис Тот сепак бил претепан во еден ноќен клуб во Скопје. Иако по извештајот на лекарите МВР соопшти дека на неговото тело немало траги на насилство и 27-годишниот Тот и дека починал како последица на срцев удар, сепак обдукцијата покажала повреди на главата.
Според последните информации обдукцијата покажала дека удар во главата, односно повреда на мозокот е причина за смртта Тот.
„Фокус“ доби потврда за ова од Скопското обвинителство, кои е подготвено да отвори истрага. Засега инволвирани се три лица, од кои две се веќе приведени (машко и женско), а третиот е во бегство. За случајот се обезбедени и видео снимки, од кои се гледа дека, сега починатиот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќен клуб.
С.Т