Ракометарот на скопски Вардар, Црногорецот Вуко Борозан најверојатно нема да настапи на утрешниот натпревар од Европската лига што „црвено-црните“ ќе го играат против екипата на Порто.
Причината е бизарна, во Скопје го нападнале улични кучиња. Веста ја потврди неговиот тренер Владо Неданоски. Тој рече дека црногорскиот играч по инцидентот завршил во болница.
View this post on Instagram
„Се случуваат неочекувани работи во нашиот главен град. Вуко Борозан беше нападнат од кучиња додека се шетал со своите деца и заврши в болница. Бранејќи се од кучињата, заработи 14-15 конци“, изјави Неданоски денеска на прес-конференцијата.
Инаку Борозан се врати во Вардар откако со овој клуб претходно ја освои Лигата на шампионите.
Поразувачки е фактот што секојдневно во билтените на МВР има по десетина пријави за граѓани каснати од улични кучиња, и не само во Скопје, туку и во другите градови низ државава.