Ракометар на „Металург“ бил нападнат по синоќешниот натпревар

by fokus

22-годишниот Ф.К., ракометар на ракометниот клуб “Металург“-Скопје пријавил синоќа дека по завршување на ракометниот натпревар помеѓу екипите на РК “Металург“ и РК “Еурофарм“, бил нападнат.

Инцидентот се случил околу 21,30 часот во Спортската сала Автокоманда.

Според Ф.К. при излегување од соблекувалните бил физички нападнат од страна на 23-годишниот А.Б. од Скопје. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости