Ракиќ: Србите не се повлекуваат од барикадите, иако Вучиќ мисли дека тоа би било добро

by Fokus

Претседателот на Српската листа од Косово, Горан Ракиќ, по разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србите одбиваат да се повлечат од барикадите на северно Косово, иако претседателот Вучиќ смета дека тоа би било добро,.

– Само што ги завршивме разговорите со претседателот Вучиќ, сега ќе одиме да разговараме со нашите луѓе на Косово и Метохија. Добивме важна вест за пуштањето на Пантиќ, Недељковиќ и останатите уапсени лица, успеавме да ги прочитаме гаранциите на Европската унија дека нема да има апсења за учество во барикадите, како и гаранцијата на КФОР дека косовските безбедносни сили нема да дојдат на север без наша согласност, рече Ракиќ за ТВ Пинк.

Тој додаде дека претседателот Вучиќ смета дека е добро да се отстранат барикадите, но дека Србите не и веруваат ништо на владата на Албин Курти ниту на меѓународните гаранции, туку само на Вучиќ.

– Го поканувам претседателот да дојде на разговорите во Рашка и да го сослуша народот од барикадите, затоа што му веруваме само на претседателот Вучиќ, рече Ракиќ и додаде дека барањата ќе ги изнесе вечерва

Поврзани новости