Две лица загинаа, а пет се ранети утринава во руски ракетен напад врз градот Кривји Рих, во централна Украина, соопшти Валентин Резниченко, шеф на воената регионална управа на областа Дњепропетровск.
Меѓу повредените има и две деца, кои се хоспитализирани.
Претходно, заменик шефот на кабинет на украинскиот претседател Кирило Тимошенко изјави дека во Кривји Рих, родниот град на претседателот Зеленски, била погодена станбена зграда и дека под урнатините може да има жртви.
Масовните ракетни напади од утринава врз повеќе градови и региони низ Украина се последни во серијата што руските сили ја почнаа уште во октомври со цел да ја уништат украинската електрична мрежа и инфраструктура.
Ваквите напади предизвикаа низа прекини во снабдувањето со струја, вода и парно, што е особено опасно за цивилното население во студените зимски месеци.
По новиот бран на руски удари, денеска е прекинато е водоснабдувањето во Киев, каде метро станиците се користат како засолништа од бомби.
„Поради оштетување на енергетската инфраструктура, има прекини во снабдувањето со вода во сите области на главниот град“, напиша градоначалникот Кличко на Телеграм.