Ракети против Одеса? Ова ќе биде воено злосторство“, рече Зеленски

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили се подготвуваат да ја бомбардираат Одеса, град на украинскиот брег на Црното Море.

„Ракети против Одеса? Ова ќе биде воено злосторство“, рече Зеленски во телевизиско обраќање.

Тој рече дека „не е доцна“ руските граѓани да се обидат да ја запрат оваа војна.

„Ова е време кога можеме да го победиме злото, кога се уште не е доцна. Можете едноставно да ја изгубите работата, не ја пропуштајте вашата шанса. Руски граѓани, ова е борба не само за мир во Украина, ова е борба за нашата слобода. Ако сега молчите, во иднина само вашата сиромаштија ќе зборува во ваше име. „Не молчете“, рече Зеленски.

Поврзани новости