832
Јеменските бунтовници Хути истрелаа балистичка ракета во градот Мариб, контролиран од владата, при што загинаа најмалку 17 лица. Меѓу нив е и петгодишно девојче, соопштија официјални извори.
Ракетата погоди бензинска пумпа во областа Равда во Мариб и сите жртви се цивили, изјави претставник на локалниот гувернер.
Десетици луѓе беа ранети во експлозијата на ракетата, а никој од седиштето на бунтовниците досега не се огласил.