За прв пат по неколку месеци Хамас истрела ракети врз областа Тел Авив во централен Израел, јави Би-Би-Си.
Најмалку осум ракети биле лансирани од областа Рафах во јужна Газа, а неколку биле пресретнати, соопшти израелската армија, а пренесува Би-би-си. Засега нема извештаи за повредени.
Ракетни сирени се огласија и во други градови и населени места, вклучувајќи ги Херцлија и Петах Тиква. Израелските медиуми објавија видео од фрагменти од проектил во градината на зграда во Херцлија.
Друго видео на социјалните мрежи покажува голем кратер, очигледно предизвикан од ракета што слета на отворено подрачје во близина на централниот град Кфар Саба.
На својот канал Телеграм, военото крило на Хамас, бригадите Изедин ал-Касам, соопшти дека извршиле „голем ракетен напад“ врз Тел Авив.