Израелските спасувачки служби информираа дека при синоќешниот ракетен напад изведен од појасот Газа повредени се четири лица.
48-годишна жена и еден маж се повредени од шрапнели во регионот Ришон Лецион. Во регионот Петач Тиква, 13-годишно момче се здобило со повреди на главата, а една жена е повредена на пат кон засолниште од бомби.
Воениот конфликт трае веќе трета недела откако милитантите на Хамас од Појасот Газа на 7 октомври го нападнаа музичкиот фестивал на отворено и израелските погранични заедници, убивајќи голем број луѓе и киднапирајќи мажи, жени и деца — вклучително и постари лица и инвалиди.
Израел започна воздушни напади врз Појасот Газа и го затвори регионот лишувајќи го од храна, гориво и други резерви како одмазда за крвавиот упад на милитантите на Хамас, ветувајќи дека ќе ја уништи милитантната група.