Ракетата Спејс-Екс успешно полета од вселенскиот центар во Флорида

by Фокус

Ракетата на Илон Маск, изградена од „Спејс-Екс“, со двајца американски астронаути, успешно е лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, а летот се очекува да трае 19 часови.

Првпат во историјата една приватна компанија испрати ракета со човечки екипаж во вселената.

Во новата капсула „дрегон“ се наоѓаат едни од најискусните американски астронаути Даг Харли и Боб Бенкен, кои ќе поминат неколку недели на Меѓународната вселенска станица.

-Апсолутна чест е да се биде дел од овој огромен напор. Ќе зборуваме повторно од вселената – изјави Харли непосредно пред лансирањето, прво од американска почва од 2011 година.

Историскиот лет оригинално требаше да се случи во средата, но беше откажан на 17 минути пред лансирањето поради лошо време.

Поврзани новости