640
Македонскиот тренер Емил Рајковиќ е назначен за нов тренер на рускиот гигант ЦСКА Москва.
Рускиот тим кој беше во потрага по нов тренер по заминувањето на Димитрис Итудис, по неколкунеделна потрага, се одлучи нов тренер за следната сезона да биде Емил Рајковиќ кој минатата сезона седеше на клупата на Автодор Саратов, остварувајќи одлични резултати како во ВТБ лигата.
Рајковиќ денеска потпиша договор со ЦСКА Москва кој ќе ја води екипата во ВТБ лигата и во руското првенство, но нема да игра во Евролигата бидејќи рускиот тим е исфрен поради воената инвазија за руската армија врз Украина.