Советот на јавните обвинители на Република Македонија на денешната 44-та седница избра јавни обвинители на повеќе јавни обвинителства.
– За виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип избран е Тодор Витларов, за основен јавен обвинител на ОЈО Скопје – Сашо Рајчев, за основен јавен обвинител на ОЈО Куманово – Теута Бедиу Рамадани, за основен јавен обвинител на ОЈО Охрид – Зоран Митрески, за основен јавен обвинител на ОЈО Дебар – Неат Црој, за основен јавен обвинител на ОЈО Кичево – Манка Јаневска, за основен јавен обвинител на ОЈО Кочани – Борче Јанев, за основен јавен обвинител на ОЈО Гостивар – Башким Хисени и за основен јавен обвинител на ОЈО Ресен – Реџаил Шерифовски, се наведува во соопштението од Советот на јавните обвинители.
За вршител на должност јавен обвинител на ОЈО Велес е избрана Гордана Тодорова – јавен обвинител велешкото Обвинителство, за вршител на должност јавен обвинител на ОЈО Струга е избран Стојанчо Арнаудоски – јавен обвинител во ОЈО Охрид, а за вршител на должност јавен обвинител на ОЈО Битола е избрана Лиле Талевска – јавен обвинител во битолското Обвинителство.
– За јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, Вишото јавно обвинителство Гостивар, на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје и на Основното јавно обвинителство Кавадарци, на денешната седница не се изврши избор на јавни обвинители, и истиот ќе се изврши на една од наредните седници на Советот, се наведува во соопштението.