Рајанер го намалува бројот на летови, доцни производството на новите авиони

by Fokus

Ирската нискобуџетна  авиокомпанија Рајанер денеска објави дека значително ќе го намали бројот на летови оваа есен поради доцнењето на нарачките на авионите на Боинг. Рајанер, еден од најголемите купувачи на авиони Боинг, во соопштението рече дека очекува да испорача 27 авиони во периодот меѓу септември и декември.

Поради доцнење на производството во Вичита Канзас и доцнење во поправките и испораките во Сиетл, тие сега очекуваат само 14 авиони да бидат испорачани меѓу октомври и декември. Затоа Рајанер ќе го намали бројот на летови од крајот на октомври, објавија тие, додавајќи дека ќе ги известат патниците преку е-пошта во наредните денови.

Ќе извлече три авиони од својата база во Шарлроа, Белгија, два од Даблин и пет од аеродромите во Италија, вклучувајќи ги Бергамо, Неапол и Пиза. Тие, исто така, планираат да го намалат бројот на авиони на британскиот аеродром Ист Мидлендс, Порто во Португалија и Келн во Германија.

Фото: ЕПА

Поврзани новости