Најголемата европска авиокомпанија Рајанер, повика на ограничување на продажбата на алкохол на европските аеродроми за да се намалат проблемите предизвикани од пијаните патници за време на летовите, јавува CNN.
Тие ја повикаа Европската унија да воведе ограничување од два алкохолни пијалоци по патник на аеродромите, спроведувајќи го тоа преку „нивните карти за патување на ист начин како што е ограничена продажбата на производи без царина“, рече портпаролот на авиокомпанијата.
„За време на доцнење на летовите, патниците конзумираат прекумерни количини алкохол на аеродромите без никакви ограничувања за купување или консумирање. Не разбираме зошто патниците на аеродромите не се ограничени на два алкохолни пијалаци бидејќи тоа би резултирало со побезбедно и подобро однесување на патниците на летот“ се вели во изјавата.