71
Иран нема да започне војна, но „силно ќе одговори“ на секој што ќе се обиде да го малтретира, изјави денеска иранскиот претседател Ебрахим Раиси.
– Нема да започнеме никаква војна, но ако некој сака да не малтретира, ќе добие силен одговор – рече Раиси во телевизискиот говор.
Според него, Вашингтон ја променил својата реторика и сега тврди дека нема намера да се судри со Иран, иако претходно предупреди дека на маса е воена опција.
– Претходно, кога тие (Американците) сакаа да разговараат со нас, рекоа дека воената опција е на маса. Сега велат дека немаат намера да се судрат со Иран – рече Раиси.
Иранскиот претседател нагласи дека Техеран не е закана за ниту една земја во регионот.