„Огорченоста е голема заради карактеристиките и квалификациите коишто се даваат, а за кои нема соодветно образложение. Можеби ќе го има во писмениот записник, но јас го слушам само она што го презентираат новинарите. Во овој процес ниту сум навредена, ниту разочарана. Констатиравте дека го завршувам својот пат во овој конкурс, но сакам да порачам дека Јавното обвинителство е институција која што дали во овој конкурс, дали во иднина, независно дали сум јас во него или било кој друг обвинител ќе треба да дојдат млади генерации. Кога ќе треба да покажат дека ова обвинителство заслужува и мора да има јавен обвинител на кој што народот ќе му верува. Овој степен на доверба кој е експлоатиран како низок, којшто ние амбицираме со извршувањето на функцијата и ветуваме дека ќе го подобриме не е единствениот проблем, довербата не се гради само врз на впечаток на испитаници, таа се чувствува“.
Ова меѓудругото го изјави вечерва во Топ тема на тв Телма обвинителката Лидија Раичевиќ, која беше кандидатка за државен јавен обвинител.
Обвинителот во Републичкото обвинителство, Љупчо Коцевски, останува осамен во трката за државен обвинител. Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење единствено за него, а од „трката“ откаднаа Раичевиќ и Фатиме Фетаи.