Паниката која се шири во затворот во Шуто Оризари не е главно поради корона вирусот, туку создадена е по информациите дека некои влади ги пуштиле притворениците во домашен притвор, што наиде на такви барања и овде.
Ова го истакна директорот на затворот во Шуто Оризари, Есад Рахиќ за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.
Тој потврди дека при прегледот на неодамна починатото лице, биле утврдени полесни симптоми, кога дошло во затворот, а по обдукцијата утврдено е дека било позитивно на опасниот вирус.
-Кај оние кои контактирале со него нема корона. Од првата линија, шестмина полицајци се во карантин по непосреден контакт со лицето. Но, паниката беше предизвикана од една друга причина. Слушнале одредени влади дека пуштале лица дома и оттаму и овде барањата. Набавени се брзи тестови, 25 притворени лица се тестирани и кај ниеден нема позитивен тест, изјави Рахиќ.