Рафаел Надал елиминиран од Австралија опен!

by fokus

Рафаел Надал отпадна од својот прв Грен слем во оваа сезона на Австралија опен, губејќи од Американецот Мекензи Мекдоналд со 3:0 во сетови.

Во финишот на вториот сет се здоби со повреда, поради која мораше да оди на лекарска помош надвор од теренот. Сето тоа емотивно го доживеа и неговиот тим, па камерите ја фатија неговата сопруга во солзи.

Мекдоналд, моментално 65. тенисер во светот, ја постигна најголемата победа во кариерата. Натпреварот заврши со 14 асови, 42 винери и 22 неизнудени грешки. Од друга страна, Надал имаше и 42 директни поени, но и 31 промашување од игра.

Поврзани новости