Рафа Надал: Немам фатено рекет в раце три месеци

by Fokus

Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал денеска изјави дека не фатил рекет в раце откако се повлече од тенисот во ноември минатата година. Објасни и зошто.

„Не го кренав рекетот. Ми треба малку слободно време, но повторно ќе го земам“, рече Надал на церемонијата на Шпанскиот олимписки комитет (СОЕ) во негова чест.

Најдобриот шпански спортист на сите времиња изјави дека по завршувањето на кариерата минува низ фаза на адаптација и дека добро се адаптира, а во меѓувреме првпат по 15 години играл фудбал.

„Животот ми оди добро. Се прилагодувам на нова фаза. Не ми дозволуваат да се досадувам. Мора да имате цели во животот бидејќи во спротивно ви е досадно“, изјави Надал.

Шпанската легенда се пензионираше на крајот на минатата година, а последниот официјален настап го имаше на финалето на Дејвис купот во Малага.

Поврзани новости