Радост за 12 годишно момче од Скопје: Хуманите луѓе обезбедија храна, покуќнина, а наскоро ќе добие мобилен телефон и лап-топ

by fokus

Здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“, собра средства за петчлено семејство од Скопје, кое живее во лоши услови.

12-годишното момче заедно со неговото 4-годишно братче живеат со нивните баба и дедо кои се тешко болни. Таткото ретко го гледаат, затоа што по цели денови е на работа.

Како што не инфомрираа, собрана е покуќнина, храна и постелнини, средства за хигиена, а наскоро се очекува на семејството да им бидат обезбедени и мобилен телефон и лап-топ компјутер.

 

Поврзани новости