Изминативе денови Архијерејскиот Собор на Православната Црква на Полска го одржа своето редовно есенско заседание. Во продолжение го доставуваме извадокот од официјалното соопштениеофицијалното соопштение од Канцеларија на Светиот Архиерејски Синод, кој се однесува на нашето црковно прашање:
„На 25 октомври 2022 година, под претседателство на Неговата Еминенција, Високопреосветениот г. Сава, православeн Митрополит Варшавски и на цела Полска, се одржа есенското заседание на Светиот Собор на Епископите на Полската автокефална православна Црква. Присутни беа сите архиепископи и епископи.
Седниците се однесуваа на надворешни и внатрешни работи.
Надворешни работи:
Прифатени се информациите од Константинополскиот Патријарх во врска со новите светители и со одземањето на некои свештенички чинови од страна на Патријаршијата.
Прочитана е информацијата од Српскиот Патријарх за осамостојувањето на Православната Црква во Северна Македонија. Светиот Собор на Епископите со радост ја прими на знаење оваа информација и го потврди молитвеното општење со горенаведената Црква“.