Дивна Карлеуша (61) своевремено една од најпопуларните водителки на Радио Белград и мајка на турбо фолк пејачката Јелена Карлеуша, починала денес, на пладне во својот стан.
Веста за ненадејната смрт на Дивна, која цели 30 години беше радио водителка, а потоа и уредник во Радио 101, позната во Србија како најслушаниот глас на Радио Белград, е ударна тема во медиумите во соседството. Нема точни информации од што настапила смртта, но уште пред три години таа раскажа дека по проблемите со дишењето и по извршените лекарски анализи, започнала нејзината борба.
Повеќе информации за својата здравствена состојба одби да открива, и нејзината ќерка Јелена, исто така одбиваше да дава коментари поврзани со здравствените проблеми на нејзината мајка. Во естрадните кругови важеше за личност која им помогнала на многу пејачи да стекнат популарност, пуштајќи ги нивните песни на радиото.
Вики Клинчарова