762
За бугарскиот претседател Румен Радев заедничкото патување со неговиот македонски колега, Стево Пендаровски и оддавањето чест на браќата Кирил и Методиј е одлична можност за обновување на дијалогот меѓу двете земји на највисоко ниво.
-Заедничкото патување и оддавањето почит на светите браќа Кирил и Методиј, е прекрасен момент да го обновиме дијалогот меѓу нашите две страни на највисоко ниво и да ја искажеме нашата општа волја за развој на нашите односи во духот на соработката, пријателството и добрососедството, рече Радев nа кратката прес конференција, одржана на скопскиот аеродром.