Радев утре ќе го додели мандатот за формирање влада на Бугарија

by fokus

Претседателот на Бугарија, Румен Радев в сабота претпладне ќе го додели мандатот за формирање влада на кандидатот за премиер, предложен од најголемата пратеничка група во 47. Народно собрание „Продолжуваме со промените“, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател.

Пратеничката група пак на оваа партија која победи на парламентарните избори на 14 ноември почна со собирање потписи за вонредна седница на 47. Народно собрание в понеделник.

На состанокот треба да се гласа за новиот состав на предлог-владата на Бугарија, во кој ќе бидат вклучени вкупно 4 партии и коалиции – „Продолжуваме со промените“, Бугарската социјалистичка партија, „Има таков Народ“ и Демократска Бугарија.

Иницијативата за собирање потписи е од „Продолжуваме со промената“. Се бара поддршка и од идните коалициски партнери на Демократска Бугарија.

Поврзани новости