Радев со честитка до Пендаровски: Илинденско-преображенското востание е голем настан од нашето заедничко минато

by fokus

Претседателот на Бугарија, Румен Радев му испратил честитка на македонскиот претседател Стево Пендаровски, пренесуваат бугарските медиуми.

Во честитката Радев посочува дека оваа година се навршуваат 120 години од „Илинденско-преображенското востание – голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Северна Македонија“, а целта и саможртвата на хероите на востанието е еден од мостовите низ времето кој ги поврзува двете држави и нивните граѓани.

-Одразот на идеалите за слобода, еднаквост и братство на нашите предци денеска ги препознаваме во фундаменталните права на Европската Унија, кон која искрено посакуваме да се приклучите. Убеден сум дека заедно можеме и треба да ги решиме отворените прашања во билатералните односи што го очекуваат нашите граѓани и е заради нашата заедничка иднина во Европа. Постигнатите договори меѓу двете земји за заедничко одбележување на празниците од заедничката историја претставуваат одлична можност за зближување, пишува Радев во честитката.

Поврзани новости