Радев: Следен вршител на должноста премиер ќе биде Галаб Донев

by Fokus

Следен технички премиер ќе биде стариот технички премиер, чие име е Галаб Донев. Ниту за секунда не дозволив други опции. Тоа за „Дарик радио” го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, пренесе БТА. Причината за неговиот коментар е нереализирањето на третиот  мандат за формирање влада во таа држава.

– Нема Радев модел, има Устав. Таму многу јасно пишува дека кога партиите не можат да формираат влада, претседателот е должен да именува, изјави претседателот.

– Партиите, што сакаат да ја избегнат одговорноста за владеење во време на криза, се кријат зад преодната влада, рече Радев.

Поврзани новости