Радев: Сакаме да видиме јасни гаранции за нашите национални интереси

by fokus

Бугарскиот претседател Румен Радев, за време на средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва, изјави дека проширувањето на ЕУ треба да е засновано на реални резултати од добрососедските односи.

Радев истакнал дека за Бугарија европската перспектива на Западен Балкан и проширувањето на ЕУ се неспорен приоритет, додавајќи дека за постигнување на ефикасни резултати за земјите-кандидати за членство во ЕУ, најважен е директен и отворен дијалог.

-Затоа ние сакаме да видиме не само декларации, туку јасни гаранции за нашата национална безбедност и нашите национални интереси, рече Радев.

На средбата присуствуваше и бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев. Радев го истакнал значајниот напредок во европската агенда, постигнат за време на португалското претседателство со Советот на ЕУ, и ги нагласи напорите на европските институции за уште потесното присоединување на Западен Балкан кон обединета Европа.

-Бугарија е одговорна членка на ЕУ и ќе продолжи да ги помага кандидатите за членство во Унијата да ги исполнат критериумите од Копенхаген и да ги утврдат принципите на добрососедство и почитувањето на човековите права, кои се во средиштето на европската соработка, рекол Радев за време на разговорите со Силва и Вархеји.

Поврзани новости