380
За Македонија знам многу, сум учел многу, сум слушал многу, но за жал првпат сум тука, вели бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за МИА.
-Тоа е многу пропуштено време и треба да го надоместам. Македонија е една прекрасна земја, со неверојатни луѓе. Имав можност шетајќи тука да сретнам луѓе со кои имав исклучително пријатни средби. Ние носиме исти имиња, славиме исти празници, нема потреба од преведување на јазикот, прекрасно се разбираме. Се надевам дека ќе можам почесто да доаѓам тука и веќе му ветив на претседателот Ѓорге Иванов ова лето да се видиме на Охридското езеро кое за мене една голема мечта – вели Радев.