Радев победи, но проекциите покажуваат дека сам нема мнозинство

by vlatko 20:37
20:37

„Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев води на осмите предвремени парламентарни избори во последните пет години, покажуваат излезните анкети од повеќе агенции.

Според податоците на „Алфа рисрч“, „Прогресивна Бугарија“ би освоила 105 пратенички места во 240-члениот парламент, ГЕРБ-СДФ 46 мандати, ПП-ДБ 40, ДПС 24, Преродба 14, БСП-Обединета левица 11 пратеници.

Иако „Прогресивна Бугарија“ ќе има најголем број пратеници, сепак, првичните проекти покажуваат дека ќе нема апсолутно мнозинство, што остава отворено прашање за формирање стабилна влада.

Потпретседателката Илијана Јотова изјави дека е потребно брзо формирање влада која ќе се справи со економските предизвици.

Изборниот ден генерално помина мирно, со поединечни технички проблеми со машинското гласање, а конечните резултати се очекуваат по затворањето на гласачките места.

Слични вести