Македонија не може да ја помине катарзата. Нашите позиции се јасни. Сѐ додека нашите сонародници продолжуваат да бидат подложени на суптилна асимилација со текот на годините, кога им се потиснати основните права и не се интегрираат целосно во Македонија заедно со другите делови на нацијата, не можеме да кажеме ‘да’ за почеток на преговори“, рекол Радев пред почетокот на самитот, јавува БГНЕС. Според него, нивните партнери во Европската унија се повеќе ја разбирале суштината на проблемот, „Тоа е системска дебугаризација“.
Тој рече дека Софија очекува „раскинување со македонизмот и омразата спрема Бугарија и донесување јасни одлуки“.
-Очекуваме да го искорениме говорот на омраза, заблудата и толкувањето на Бугарија од учебниците, спомениците, музеите, јавната политика, тогаш нашите луѓе се подготвени да кажат ‘да’. Сакаме јасни правно обврзувачки документи. Македонските Бугари да се рефлектираат во пописот. Сакаме како што беше призната историската вистина во односите со Грција, да се признае историската вистина во односите со Бугарија, рекол Радев.
Тој споменал и билатерален протокол од шест точки којшто требало да биде готов до почетокот на ноември. -Ние сме заинтересирани за заштита на правата на македонските Бугари. Учебниците не треба да водат кон омраза на рана возраст. Протоколот содржи одлуки што треба да се спроведат во текот на целиот процес на преговори. Ме интересираат задолжителните работи што мора да се направат до почетокот на преговорите за да се каже ‘да’“, рече Радев.
Бугарскиот претседател повторно ја повика ЕУ да покажела солидарност со македонските државјани кои имаат бугарски пасоши. -Ова не е ниту вето ниту запирање на процесот, ние сакаме не повеќе од она што го сака секој наш европски партнер, да се почитуваат основните европски принципи и интересите на секоја земја-членка на ЕУ, додал Радев.