Радев: Паднаа маските, најголемиот страв на новата влада на РСМ е да препознае „Бугарин“ и „бугарско“

by Fokus

Денес конечно паднаа маските. Новата влада кај нашиот југозападен сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е да го препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарско“ во Република Македонија“ изјавил бугарскиот претседател Румен Радев, објави БГНЕС.

„Ова е политика насочена директно против европските принципи и одлуки донесени со консензус од сите земји-членки на ЕУ, против меѓународните обврски преземени од РСМ и против сопствените граѓани, кои јасно се изјаснија за поддршка за европскиот развој на земјата“, нагласи Радев, коментирајќи ги барањата на македонскиот премиер Мицкоски до Бугарија за промена на преговарачката рамка.

Радев очекува итни конкретни дејствија и од бугарската влада и од европските институции за почитување на европските принципи и норми во процесот на проширување.

„Доколку ЕУ не се вклучи во европската перспектива на Балканот, заснована на јасни норми и вредности, порано или подоцна Балканот ќе ја соочи Европа со балканизација“, предупреди Радев.

Поврзани новости