439
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска нагласи дека не може да се формира Влада во државата „по секоја цена“.
– Не може да има влада по секоја цена – производ на задкулисни и непринципиелни договори, а во исто време ќе инсистирам на конструктивен, отворен, ефективен дијалог, ќе инсистирам на исцрпување на сите можни опции за формирање влада.
Изјавата беше дадена на консултациите со претставниците на политичката партија „Продолжуваме со промената“.
Шефот на бугарската државата се консултира со парламентарните сили во 48. Народно собрание според уставот пред да го предаде првиот мандат за формирање влада, јави БТА.