266
Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска напладне ќе го врачи мандатот за состав на владата на парламентарната група на „Има таков народ“ од која ќе побара да предложат кандидат за премиер, соопштија од прес-службата на шефот на државата.
Уставот не предвидува рок до кога партијата треба да одговори.
Тоа е затоа што истекува рокот од седум дена од неуспехот во вториот обид за состав на влада кога мандатот беше примен и вратен веднаш од пратеничката група на „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“.
Доколку пропадне и овој обид за кабинет, следуваат политички консултации и именување или повторно назначување службен кабинет. Заедно со уредбата за нов технички кабинет доаѓа и тој за предвремени избори, јавија бугарските медиуми.