606
Претседателот на Бугарија, Румен Радев упати честитка за 24-ти Мај, денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, и повторно провоцираше на некој начин.
„На 24-ти Мај сите сме Бугари. Во хиерархијата на духот и културата не се меродавни ниту богатството ниту моќта. Овде е важно благородноста на духот. Секогаш постои невидлива татковина која секој ја носи со себе каде и да оди. Ова е бугарскиот јазик. Од раѓање ни е предодредено да размислуваме и да го чувствуваме убавиот, богат, звучен, нијансиран и изразен мајчин говор. Јазикот нè инспирира, јазикот нè теши. Јазикот е нашиот дом и доверба во тешките и осамени моменти, особено далеку од татковината“, се вели во честитката на Радев.