Бугарскиот претседател, Румен Радев ја дефинираше одлуката на Европската унија за почеток на пристапните преговори со Албанија, но не и со Македонија, како „логични последици на она што се случува во Скопје и Тирана и на политиката на владата на Северна Македонија и патот кој го избраа“, пренесува „БНР.бг“.
Пред новинарите во Њујорк, каде што учествуваше на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Радев вчера изјаснувањето на Националното собрание го дефинираше како разумен став и апелираше до бугарските политичари на воздржаност и разум.
„Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на кое се развија настаните и коментарите за Албанија и Северна Македонија“, рече Радев.
Според него, власта во Скопје оди во спротивна насока на евроинтеграциите.
„Преговарачката рамка од 2022 година многу јасно кажува дека кога РСМ ќе ги запише Бугарите во Уставот, дури тогаш ќе почнат преговорите за пристапување“, изјави Радев.