Радев контра Петков околу разрешувањето на министерот Јанев

by Фокус

Бугарскиот претседател смета дека не треба да се менува министерот за одбрана Иван Јанев, откако премиерот Кирил Петков изјави дека бугарската влада ќе разговара за разрешување на Јанев, кој рече дека не треба да се користи зборот „војна“ за руските напади врз Украина.

„Смената на министерот за одбрана во ек на воената криза во соседството е ризик за кој е одговорна владејачката коалиција. При изборот на министер, мнозинството треба да се раководи од разбирањето на суверенитетот, професионалната компетентност и способност да го брани бугарскиот интерес“, се наведува во ставот на претседателот Радев.

Инаку, се уште актуелниот бугарски министер за одбрана не сака да се користи зборот „војна“ за руската инвазија на Украина.

-Не го користам зборот војна, се повикав на тоа што го зборува претседателот Путин и се повикав на фактот што користењето на зборот војна треба да е многу специфично и одговорно – истакна Јанев.

После тоа, пак, премиерот Петков рече дека ниту еден министер нема право на своја политика, особено на Фејсбук.

Поврзани новости