Радев ќе се сретне со Вучиќ пред да отпатува со Пендаровски во Рим

by fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ во недела во Димитровград ќе се состане со бугарскиот претседател Румен Радев.

Како што соопштија од Канцеларијата за медиуми на српскиот претседател, Вучиќ и Радев прво ќе имаат тет-а-тет разговори, по што ќе се одржи пленарен состанок на делегациите на двете држави.

По состанокот со претставниците на бугарското национално малцинство во Србија, Вучиќ и Радев ќе откријат споменик на Кирил и Методиј, каде што ќе имаат и свое обраќање.

Двајцата претседатели ќе ја посетат и реконструираната зграда на гимназијата„ Св. Кирил и Методиј“ во Димитровград, соопшти Канцеларијата за медиуми на српскиот претседател.

На 26 мај, пак, Радев со македонскиот претседател Стево Пендаровски со бугарски авион ќе отпатува за Рим, за да го чествуваат Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

„Мислам дека е еден добар симболичен политички гест од двете страни, малку да ја олабавиме атмосферата во пресрет на она што ќе претстои понатаму, разговори, преговори за блокадата – истакна Пендаровски.

Поврзани новости