Најмалку 10 пати сум го поканил Пендаровски да ја посети Бугарија. Уште на 1 октомври и помогнав на РСМ да добие финансиска помош од ЕУ за струја. Ја разбирам болката на претседателот на РСМ, што јас бев личноста која пред 2 години го постави прашањето за правата на македонските Бугари пред европските институции, рече бугарскиот претседател Румен Радев, откако Пендаровки вчера изјави дека подолго време немал конструктивен разговор со него.
-Вклучувањето на македонските Бугари во Уставот станува задолжителен услов за почеток на преговорите и се надевам дека претседателот на РСМ ќе сфати дека ова е да ѝ помогне на својата земја, да раскине со идеологиите на тоталитарното минато и да се пресели кон демократизација на државата. Моите врати се секогаш отворени за него– рече Радев
Пендаровски вчера изјави последен пат се видел со Радев минатата година на Мини самитот за енергетика во Софија.
„За танго треба двајца. Не зборувам лично. Објективно, изминативе две години Бугарија имаше серија провокации кон нас и излезе со аргументи за наша блокада кон Европската унија каква што немало во историјата на ЕУ од 57-ма година во минатиот век до денес, ниту една држава не блокирала друга држава со тоа што им велеле дека вие не сте тоа што мислите дека сте. Да зборуваш за идентитетска политика и да ми кажеш дека јас не сум Македонец и дека само ако ги сменам сите учебници и историја, дека тогаш само може да напредувам кон Европа… Ние можеме да глумиме, средби, кафе пиења и така натаму. Но, не! Последниве две години немам ниту еден конструктивен разговор со Радев – рече Пендаровски.