Радев: Изборите покажаа, бугарското општеството е решено да се справи со корупцијата

by Fokus

Независниот кандидат за втор мандат на претседателските избори во Бугарија, Румен Радев изјави дека денешните избори ја покажале решителноста на општеството да справи со корупцијата, беззаконието, авторитаризмот, обидите за мимикрија и манипулациите за да се поколебаат луѓето да гласаат.

Тој рече дека партиите во Бугарија имаат императивна задача да формираат влада и таа мора да биде реформска, антикорупциска, социјална и транспарентна, како и поддржана од јасно мнозинство кое не остава сомнеж.

На 21 ноември ќе се одржи вториот круг од претседателските избори во Бугарија на кој ќе учествуваат Радев и неговиот противкандидат кој настапува со поддршка на партијата ГЕРБ, ректорот на Софискиот универзитет, Анастас Герџиков.

 

Поврзани новости