По повод 120-годишнината од Илинденско востание во Софија, бугарскиот претседател Румен Радев одржа говор во кој рече дека „Илинденско-Преображенското востание е најмасовниот израз на волјата за слобода на бугарскиот народ“.
-Ова востание се пренесе далеку во времето, бидејќи неговите резултати далекусежно ги надминаа неговите непосредни политички и воени цели. Илинденско-Преображенското востание“ зазема значајно место во односите со Република Северна Македонија и во зближувањето врз основа на „историската вистина“, рече Радев додавајќи дека востанието го најавиле „камбаните на бугарските цркви“.
Тој додаде дека гаранцијата за уставна еднаквост ќе ги исполни заветите на Илинденците од 1903 година и нивниот завет за еднаквост и правда.
-Граѓаните и на Бугарија и на Р.С. Македонија им се поклонуваат на овие завети и на идеалите пред востанието, рече Радев.