Бугарскиот претседател Румен Радев оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен фокусиран на теми за стратешкото партнерство меѓу Бугарија и САД, како и за безбедносните предизвици што произлегуваат од војната на Русија против Украина.
Радев и Блинкен разгопварале за енергетската диверзификација и преземањето навремени мерки за обезбедување алтернативни набавки на сурова нафта за рафинеријата во Бургас, по истекот на отстапувањето за увоз на руска нафта. Претседателот Радев ја истакна можноста за изградба на нафтовод од Александрополис до Бургас, за да не доведе до затворање на клучното претпријатие за бугарската економија.
Двајцата разговараа и за партнерството меѓу Бугарија и САД во областа на безбедноста и одбраната.
Радев и Блинкен разговараа и за потребата да се поддржи Украина во услови на целно уништување на нејзината енергетска и цивилна инфраструктура.
Бугарскиот Парламент денеска во второ читање го усвои предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу МО на Бугарија и МО на Украина за обезбедување на вооружување, опрема и муниција. Ратификацијата на документот ја поддржаа 166 парламентарци, а 48 беа „против”.