Радев: Ескалира дискриминацијата на македонските Бугари, од кои 120.000 се наши државјани

by fokus

На седницата на Советот за безбедност на Бугарија беше одлучено дека Бугарија ќе продолжи да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ, а ќе даде поддршка за почнување на преговори со Албанија.

Претседателот Румен Радев по седницата изјави дека Македонија не направила ништо за спроведување на Договорот за пријателство, а ескалирила и дискриминацијата на, како што ги нарече, македонските Бугари.

-Четири години од потпишувањето на договорот од 2017 година, Република Северна Македонија не го направи неопходното за негово исполнување. Нема ни гаранција за исполнување на преземените обврски. Децениската политика на дискриминација на македонските Бугари, од кои 120.000 се бугарски граѓани и граѓани на ЕУ во последно време ескалира со отворени јавни напади против нив, изјави Радев.

Тој додаде дека учесниците на Советот за безбедност се обединиле околу мислењето дека се потребни сеопфатни, целисходни и осигурени дејствија за враќање на довербата и активирање на двострана соработка меѓу Бугарија и Македонија во сите области од заемен интерес.

Поврзани новости