Радев до „Промените продолжуваат“: Што мислите за идентитетот на Северна Македонија?

by Fokus

Бугарскиот претседател, Румен Радев, серијата политички консултации денеска ја почна со претставниците на победничката партија „Промените продолжуваат“, јави дописникот на МИА од Софија.

На почетокот од средбата Радев од копретседателите на новоформираната партија Кирил Петков и Асен Василев, чија коалиција победи на парламентарните избори во Бугарија на 14 ноември, побара да го слушне нивниот став за Република Македонија.

Тој побара да знае што „Промените продолжуваат “ мислат за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, идентитетот, историјата и културата во Република Македонија, бидејќи бугарското општество очекува доследна акција од нивната дипломатија.

Двајцата претставници на „Промените продолжуваат“, не му го соопштија јавно својот став на бугарскиот претседател.

-Довербата на бугарските граѓани не се дава како подарок и таа мора да се одбрани, рече Радев, според кого преодните бугарски влади ја стабилизирале земјата и покажале дека во неа може да има заедничко дејство.

Поврзани новости