Радев денеска го врачува мандатот за состав на новата бугарска Влада

by Fokus

Бугарскиот претседател Румен Радев утринава ќе му го врачи мандатот за формирање нова влада на мандатарот предложен од најголемата пратеничка група во 47. Народно собрание – „Промените продолжуваат“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, церемонијата ќе се изврши во 10 часот во бугарското Претседателство.

Коалицискиот договор вчера го потпишаа победниците од „Промените продолжуваат“,  „Демократска Бугарија“, „Има таков народ“, како и од БСП, откако нејзината лидерка во оставка, Корнелија Нинова, доби мандат од партиското раководство да го потпише.

Поврзани новости