Радев: Бугарија сака што поскоро да ја види Северна Македонија на европскиот пат

by Fokus

Претседателот на Италија, Серџо Матарела е целосно солидарен со нашиот став за пристапување на Република Северна Македонија и Албанија во Европската Унија, изјави шефот на бугарската држава, Румен Радев по средбата во Рим со неговиот италијански колега.

– Сите сакаме да ги видиме овие земји на нивниот европски пат што е можно поскоро. Јас многу јасно ја објаснив бугарската позиција дека ќе напредуваме кога самите земји ќе покажат јасно и неповратно дека ги исполнуваат критериумите, рече Радев.

Поврзани новости