Радев: Бугарија е целосно зависна од руски гас

by fokus

Бугарија е целосно зависна од рускиот гас и е заинтересирана за продолжување стратешката соработка со Руската Федерација во областа на енергетиката, изјави денеска претседателот на Бугарија Румен Радев на пленарната средба на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Според бугарскиот претседател, Бугарија и Русија со децении се важни партнери во областа на енергетиката, јави ТАСС.

– Нашата земја е 100 отсто зависна од рускиот гас, рече бугарскиот лидер и дополни дека се разговара за продолжување на таа стратешка соработка и во иднина.

Сепак, како што забележа Радев, во Бугарија неодамна се случиле некои промени. – Бугарија се модернизира и го проширува својот гасен систем, создавајќи нови можности да стане дистрибутивен центар за гас, објасни тој. – Тоа ќе даде дополнителни можности за Русија, појасни бугарскиот претседател.

Поврзани новости